Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Повторнo јас и Надал, ние „старците“ не се предаваме

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ги минаа сите пречки и закажаа меѓусебна финална битка на АТП Мастерсот во Рим.

Србинот и Шпанецот се асови кои многу добро се познаваат, досега имаа одиграно 56 натпревари, па повеќе од јасно е дека не очекува нов спектакл во италијанската престолнина на местото каде имаат одиграно пет средби за трофеи (поуспешен е Рафа со 3-2).

-Јас и Рафа се пошегувавме малку во соблекувалната откако го победив Циципас. На шега рековме дека ние старите не се предаваме. Го видов пред некој ден како рече дека ние двајцата и Рожер сме стари, но не се согласувам – ние сме полни со енергија. Рафа е мојот најголем ривал без сомнение, повеќе не сум играл со никого.

-Да се ​​има натпревар со него на земја на еден од најголемите турнири во светот е огромен мотив. И покрај сето она што го поминавме во нашите кариери, сепак сум возбуден кога знам дека ќе следи натпревар со него. Драго ми е што покажав дека можеме да се одбраниме од момците од новата генерација, -истакна Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни