Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Повеќе од 48 часа пијам апчиња против болки, штетата се уште постои

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ немаше потешкотии како на претходниот меч против Тејлор Фриц и успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен, откако остана перфектен во дуелите со Милош Раониќ со кого сега има 12:0.

Светскиот рекет број еден загуби еден сет и победи со 3:1, но очите на сите негови фанови беа вперени во движењата кои ги има на теренот, откако по последниот меч против Фриц се пожали на големи болки.

По победата над Канаѓанецот кој има потекло од Црна Гора, Новак одново говореше за мускулната повреда и нагласи дека се уште игра само поради фактот што станува збор за грен слем турнир.

– Да беше во прашање било кој друг турнир, ќе се повлечев, тоа е сигурно. Сепак, ова е грен слем и сакам да дадам се од себе за да се опоравам, даваме се од себе за да излезам на терен. Пред да го завршам загревањето, не знаев дали ќе можам да играм. Кога се загревав, беше во ред, а во текот на мечот повремено ме болеше мускулот. Не е идеално, но не можам да се жалам. Победив против одличен тенисер и се надевам дека ќе бидам подобар за два дена, – изјави Ноле веднаш по мечот, а потоа во интервјуто за „Еуроспорт“ се надоврза.

– Постоеше голем облак со сомнежи пред мојот настап. Под апчиња сум повеќе од 48 часа и болките е навистина силни. Не знам каква штета е направена, но штетата се уште постои. По последниот меч, заспав во 4 или 4 и 30 часот наутро, ниту денес нема да биде поинаку, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни