АТП
Ѓоковиќ потврди уште една ѕвезда за турнирот во Белград и додаде: Не ги повикав Федерер и Надал
Новак Ѓоковиќ како организатор на балканската тениска турнеја денеска се соочи со новинарите во Белград, на кои им порача дека хуманитарните турните кои ќе се играат во различни земји ќе бидат побогати за уште една ѕвезда.
Од претходно беше познато дека од турнејата во Србија, Хрватска и Црна Гора ќе бидат дел Доминик Тим и Григор Димитров, а денеска стана јасно дека им се придружува уште еден топ 10 тенисер, фантастичниот Саша Зверев.
Германецот ја прифатил поканата на Новак и светскиот рекет број еден е горд што ќе им биде домаќин во совјот роден град, но исто така нагласи дека шанса ќе добијат и послабо рангираните тенисери од неговата земја.
– Феноменална вест е тоа што Саша Зверев доаѓа кај нас. Ќе имаме три големи светски ѕвезди, навистина сум им благодарен што се согласија да дојдат, што ќе им бидам домаќин во родниот град. Сите доаѓаат бесплатно поради мојот однос со нив и сакаат да помогнат во хуманитарниот карактер. Сите тројца ќе играат во Белград. Тим ќе игра само тука, Зверев ќе игра и во Србија и во Хрватска, додека Димитров во споменатите две земји и уште во Црна Гора.
Популарниот „Адрија тур“ ќе биде на програмата од 13-ти јуни до 5-ти јули и преносите ќе ги врши „Спортклуб“, а дел од истиоте нема да бидат Рожер Федерер и Рафаел Надал.
– Во овој период, комуницирав со двајцата повеќе од вообичаено. Зборевме многу за пандемијата и за тоа како да им помогнеме на полошо рангираните тенисери. Федерер и натаму има проблеми со коленото, не го ни прашав. Рафа игра од неодамна, зборувавме минатата недела за Ју-Ес Опен, но не го повикав. Не ги повикав ни двајцата, бидејќи не ни очекував да дојдат, – открива Ноле.
-
Лига на нации17 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија13 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација8 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации17 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Италија15 часа
„Газета“ открива детали од завршниот состанок кој му пресудил на Мота: Засрамен сум што те избрав тебе!