Ѓоковиќ: Постојат многумина кои не ме сакаат

djoko

Новак Ѓоковиќ триумфираше на денешната Дејвис куп пресметка во дресот на српската репрезентација, а по мечот во кој не загуби сет против Шпанецот Рамос-Вињолас, зборуваше пред новинарите за актуелната ситуација.

– Се е во ред, фала богу и лактот е добар. Одлично сервирав, можеби и најдобро во последните неколку месеци. Тоа ми е потврда дека сум на прав пат и дека добро напредувам, – изјавил светскиот рекет број два кој треба да се врати и АТП турнирите каде следуваат Мастерсите на земјена подлога.

Ѓоковиќ изминатиот период трпеше многу критики поради промените во однос на исхраната и изјавите за односот кон тенисот, а денеска на таа тема одговори кратко.

– Луѓето очекуваат премногу, а ги прифаќам конструктивните критики. Благодарен сум на големата поддрша од мојот народ, но факт е дека и има и многу такви кои не ме сакаат, – изјавил Ѓоковиќ.

Facebook Коментари