Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ постави високи цели за следната сезона, Алкарас порача: Ние сме тука да го запреме

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Новак Ѓоковиќ има одлична 2023 година во која успеа да слави на дури три од четирите најголеми турнири за да на крајот слави и на завршниот АТП Мастерс кој се одржа во Торино.

И покрај сите овие успеси Србинот не застанува и најави дека има поставено високи цели и за 2024 година.

-Па, можам да ги освојам сите четири грен слема и злато на Олимпијадата! Амбициите не се менуваат ниту за следната година, имам желба, посветеност, телото перфектно ме слуша, имам голем тим од луѓе околу мене, мотивација за најголемите турнири. Имам инспирација да одам понатаму. Луѓето не гледаат се што правиме зад теренот, мотивацијата е тука, следната година Олимписките игри се тука. Не знам дали следната ќе биде добра како оваа, но ќе го задржам тој менталитет и свежина на умо, -порача Новак пред некое време.

Овие зборови допреа до неговите ривали, па стигна порака од вториот светски рекет Карлос Алкарас.

-Ѓоковиќ рече дека е подготвен да освои четири грен слем титули и олимписко злато, но ние сме тука да го спречиме. Годинава првиот дел од сезоната беше спектакуларен за мене, но по Вимблдон имав негативен период. Верувам дека тоа е нормално и дека морам да учам од тие ситуации, -рече Карлос кој порача дека успесите не го промениле како човек.

-Сè уште сум истиот човек, тоа што станав познат не ја промени мојата личност или видот на личноста што сум, дури и со сите очекувања на луѓето да ме споредуваат со Федерер или Рафа. Се обидувам да ги оставам тие коментари настрана и да се концентрирам на моето патување, -заклучи младиот шпански ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни