Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ поставен за втор носител на Вимблдон, најважното прашање ќе го одговори утре (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Вимблдон ова попладне објави кој ќе биде прв носител на 137-то издание на престижниот грен слем во Лондон, а најголемо внимание привлече тоа што организаторот го подготвува ждребот со Новак Ѓоковиќ како дел до истиот.

Иако направи операција на коленото пред три недели, Ноле се појави во Ол Ингланд клубот и веќе тренира неколку дена, па тоа го натера организаторот на турнирот да го постави како носител на еден ден пред ждрепката.

Ѓоковиќ е поставен за втор носител како седумкратен шампион на Вимблдон, додека оваа година за прв фаворит е поставен Италијанецот Јаник Синер.

Вимблдон има право да ги поставува носителите независно од ранкингот на АТП листата, но оваа година смета дека праведно е актуелниот светски број еден да биде прв носител.

Трет носител е актуелниот бранител на титулата Карлос Алкарас, но на неполни 24 часа пред ждрепката, најпоставувано прашање е она за Ѓоковиќ.

Новак се уште ја држи јавноста во неизвесност и најверојатно до утре ќе одлучи дали ќе настапи на Вимблдон, откако денеска имал сериозен и напорен тренинг со Синер од кого загубил со 6:3 по еден одигран сет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни