Ѓоковиќ со последната изјава повторно собра симпатии од Хрватска

Wimbledon Championships

Освојувањето на Вимблдон од страна на Новак Ѓоковиќ е знак дека се враќа на највисоко ниво и дека следува вистински бум од него на турнирите во следниот период. Ѓоковиќ цели две години немаше трофеј на големата сцена на големите турнир се до овогодинешниот настап на Вимблдон каде успеа да дојде до 13 грен слем пехар и тоа откако во финалето го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка.

Со ова тој повторно ги доби симпатиите на јавноста, а уште повеќе стана омилен лик и на Хрватите кога испрати јасна порака за последното второ место на Хрватска на штотуку завршениот Мундијал во Русија.

– Честитки до Лука Модриќ и целата хрватска репрезентација за големиот успех. Многу е убаво да видиш така мала земја од нашиот регион да се радува и да успее на Светското првенство, – изјави популарниот Ноле.

Facebook Коментари