Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ поради мистериозна повреда нема да настапи на завршниот турнир во Торино (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SH_RolexMasters

Новак Ѓоковиќ не пријави никаква повреда по поразот од Јаник Синер на Мастерсот во Шангај, а иако потоа се појави на егзибицијата во Саудиска Арабија каде веднаш беше елиминиран, најавите кои пристигнаа од Србија сега и официјално се отварија.

Најголемиот грен слем шампион очигледно има здравствени проблеми и поради тоа нема веќе да го гледаме на терените до крајот на годината, а тука посебно се мисли на завршниот Мастерс на кој играат најдобрите осум тенисери.

Иако имаше изборено учество за Торино, Ноле денеска ја информираше јавноста дека нема да настапи во Италија, па така неговото место ќе го пополни една од резервите.

– Чест ми е што се пласирав на завршниот Мастерс. Се радував на моето заминување за Торино, но поради повреда која ме мачи подолго време, нема да можам да играм следната недела.

– Се извинувам на сите оние кои планираа да ме гледаат таму. На сите колеги им посакувам одличен турнир, се гледаме наскоро, – порача Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни