АТП
Ѓоковиќ покажува максимален респект: Му симнувам капа на Надал

Новак Ѓоковиќ е свесен дека засега се уште му се затворени вратите за влез во Њујорк, па поради тоа, нагласи дека ќе има уште поголема мотивација да го освои Вимблдон, турнир на кој може да ја освои единствената грен слем титула оваа сезона.
Србинот не настапи во Австралија каде беше депортиран, во Франција загуби од Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос, а според актуелните правила, како невакциниран странец нема да има дозвола да влезе во Америка и да настапи на Ју-Ес Опен.
– Како што стојат работите, нема да можам да играм во Њујорк. Не знам дали тоа ќе се промени, но тоа ми дава дополнителен мотив да славам тука на Вимблдон. Имам дополнителна мотивација за најдобри игри, а потоа ќе видиме дали ќе се промени работата, – изјавил Новак на официјалниот прес пред 135-то издани на Вимблдон.
Ноле ќе ја брката седмата титула во Ол Ингланд клубот, а иако беше неизвесен, сепак Надал ќе биде еден од ривалите кои ќе му стојат на патот до посакуваниот трофеј и може со него да се сретне во финалето доколку двајцата ги оправдаат фаворитските улоги.
– Надал е неверојатен. Го оперираа минатата година, пропушти шест месеци и се врати со грен слем титула. Импресивно е тоа што го прави. Му симнувам капа. Рафа е неверојатен шампион, со спектакуларен натпреварувачки дух и мора да се почитува. Тој е мојот најголем ривал, но чувствувам само респект кон него, – потенцира Србинот.
-
Пливањепред 16 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 17 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Херојот Димитриевски со интервју од теренот откако ја фрустрираше Барса: Со сите нови засилувања… (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 8 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал