Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ по поразот во полуфиналето: Знам дека звучи чудно, но ова е извонредно

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Новак Ѓоковиќ останува без освоена титула на средината на месец април и такво лошо отворање на една сезона не се памети од неговите професионални почетоци, факт за кој говореше и најдобриот светски тенисер по најновиот пораз од Каспер Руд.

Норвежанецот за првпат во својата кариера го победи Ноле и намали на 5:1 во меѓусебните пресметки, а успехот во полуфиналето го остави Србинот на чекор од прво финале во 2024-та година.

Ѓоковиќ нема посакуван старт на новата сезона и неговите фанови не навикнаа на вакви резултати, но и покрај поразот, Новак пронајде позитивни работи кои ќе му послужат како добра подготовка за следните турнири кои претстојат.

– Можеби звучни чудно да го изговорам ова, но имајќи во предвид како ги играм турнирите оваа сезона, ова е извонреден резултат.

– Не очекував да одам далеку во Монте Карло, пред се поради формата во која се наоѓам моментално. Сепак, има низа позитивни работи кои можам да ги извлечам од оваа седмица. Разочарувањето секогаш постои кога ќе загубиш тесен меч, на кој искрено мислев дека треба да победам.

– До тој последен поен и двојната сервис грешка, мислам дека ја заслужив победата. Му честитам на Каспер, одигра извонредно во првиот и третиот сет, а јас морам да гледам напред. Знам какви стандарди поставив во смисла на очекувањата и рерзултатите. Ова е една од оние сезони во кои не почнав добро, се надевам дека ќе ги поправам резултатите, се надевам дека ќе играм подобро од ова, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни