Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ по поразот во Њујорк: Не знам дали ќе играм до крајот на сезоната

Објавено

на

Првопласираниот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ не успеа да го положи последниот испит на Ју-Ес Опен и со тоа да испише нова страница во историјата на белиот спорт.

Ѓоковиќ имаше можност да стане стане првиот тенисер со календарски грен слем по Род Лејвер, но и да воедно да биде рекордер по титули на најголемите турнири. Во таа цел го спречи Данил Медведев кој одигра фантастично во големото финале и со тоа на најдобар можен начин го комлетираше турнирот на кој загуби само еден сет.

Русинот победи со 3-0 во 6-4, 6-4 и 6-4 за прв ваков трофеј во кариерата. Од друга страна пак Ѓоковиќ сосема очекувано беше разочаран и остави простор овој пораз да ги промени неговите планови и воопшто да не игра до крајот на сезоната.

-Право да ви кажам- немам план, апсолутно ништо. Не знам дали ќе играм нешто, било каде … Во моментов сум во Њујорк, -кратко искоментира Ноле.

До крајот следат Индијан Велс, Париз и завршниот турнир во Торино, па останува да видиме каква ќе биде одлуката на најдобриот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни