Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ по победата над Алкарас: Сакаат да ме поништат, но тоа ме полни со енергија

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Добар дел од тениската спортска јавност го отпиша Новак Ѓоковиќ од фаворитите за највисок пласман на Аустралијан Опен, но на неколку дена пред крајот на турнирот, реалнсота вели дека Србинот е на два меча од нова историја.

Ѓоковиќ после беспоштедна битка го доби Карлос Алкарас и се пласираше во своето 12-то полуфинале во Мелбурн, па во моменти кога ја славеше големата победа, Ноле не пропуштил шанса да ги „поздрави“ хејтерите во разговорот со српските новинари по одржаната прес-конференција.

– Многу луѓе се сомневаат во мене, се сомневаат цел живот и тоа ме следи во текот на кариерата од самиот старт. Луѓето константно се обидуваат да ме поништат, мене како тенисер и работите кои ги остварив.

– Едноставно е, тоа е составен дел од кариерата и животот на еден професионален спортист кој е многу успешен. Но, кај мене има и друга позадина поради мојата ситуација, поради земјата од која доаѓам и милион други причини. Наместо да ме обесхрабри, тоа дополнително ме полни со енергија, јас сум дополнително мотивиран да докажам дека се уште можам да победувам на највисока сцена и да се натпреварувам со најдобрите, – изјавил Ѓоковиќ, откако многумина почнаа да заклучуваат дека тој нема да може да им парира на Алкарас и Синер во 2025-та година.

– Со победата над Алкарас го докажав тоа, но не застанува тука, продолжувам напред. Ова не е крај на турнирот за мене, се надевам на најдобро и во полуфиналето, мислам дека ќе ми биде уште потешко против Зверев. За да го освојам турнирот, ќе мора да ги победам третиот, вториот и првиот тенисер во светот. Се радувам на таквиот предизвик и поради вакви работи се уште сум дел од спортот, – потенцирал Србинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни