Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ по новиот неуспех: Загрижен сум, не е убаво…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ го имаше статусот на прв фаворит на турнирот во Женева, но и на овој настан како и на сите останати на кои настапи во 2024 година не ја оправда улагата на прв носител.

Овој пат на неговиот пат застана Томаш Махач од Чешка кој славеше со 2-1 во сетови. Ѓоковиќ имаше доста проблеми со констатноста во играта, па така во првиот сет водеше со 4-1 за да истиот го загуби со 6-4. Потоа во вториот го прегази ривалот со 6-0 за да во решавачкиот загуби со 6-1.

Далеку од посакуваната форма: Ѓоковиќ покажа две лица и доживеа болен пораз во Женева (ВИДЕО)

-Секако дека сум загрижен… Не играв добро цела година, освен неколку натпревари. Работите се такви какви што се… Не се гледам себеси како фаворит во Париз. Ќе се обидам да одиме натпревар по натпревар, па ќе видиме.

-Немав добра ноќ, денеска беше многу тешко. Имав неверојатно мачнина во првиот дел од натпреварот. Не сакам да му одземам ништо на Томас Махач кој заслужи да победи, но не знам што да мислам за оваа игра. Би сакал да заборавам. Не знам како го освоив вториот сет. На крајот, билансот е добар, се надевав дека ќе одиграм еден меч овде, но одиграв три.

-Не е убаво да се мачите на теренот. Тешко е да се фокусирате на тенисот кога имате грижи во вашиот ум. Се надевам дека ќе бидам здрав за Ролан Гарос, -порача Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни