Ѓоковиќ пее со клапа на Корчула, Лајовиќ го освои првиот трофеј во Умаг (Видео)

nole-trofej

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ ќе го памети денешниот ден до крајот на животот, а причина е неговото освојување на првата АТП титула во својата кариера.

Лајовиќ го освои турнирот во Умаг, Хрватска, совладувајќи го унгарскиот ривал Балаж со 2:0 во сетови, за успехот на хрватски терен да биде крунисан со трофејот кој го чекаше 12 години откако ја започна професионалната кариера. Поради овој успех, Лајовиќ од утре ќе биде на 26 место на АТП ранкингот.

„Српската доминација“ во Хрватска ја заокружи светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, кој со своето семејство одмора на островот Корчула. Расположениот Ноле го објави видеото каде во друштво на сопругата Јелена и една локална клапа изведуваат песна од Оливер Драгојевиќ.

Facebook Коментари