АТП
Ѓоковиќ: Овие битки ме потсетуваат на оние со Надал

Новак Ѓоковиќ оствари уште една победа на Австралија Опен, триумф над Јиржи Лехечка со што обезбеди место во четвртфиналето на првиот календарски грен слем.
Србинот како и во претходното коло со Махач го реши прашањето околу победникот во три сета и во одличната атмосфера, ритам ќе го дочека дерби соочувањето со Карлос Алкарас, ас против кого води со 4-3 во меѓусебните пресметки.
-Очекувам голема борба како што беше најчесто кога игравме, можеби тоа беше само неколку пати еднострано. Тој беше доминантен на Вимблдон минатата година, а јас бев доминантен на АТП финалето во 2023 година. Покрај тоа, имавме и некои други битки, долги натпревари, некои битки кои ме потсетуваат на дуелите со Надал во однос на интензитетот на теренот.
-Тој е многу динамичен, експлозивен, многу талентиран и харизматичен. Одличен за гледање, ама не и да играте против него. Сите со нетрпение го очекуваа тој четвртфинален натпревар и еве сме, еве дојдовме. Мислам дека и двајцата добро ја удираме топката на овој турнир, ми се допаѓа како се чувствувам и како ги играв последните неколку натпревари и возбуден сум за тој натпревар, -порача најтрофејниот играч на грен слем турнирите.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!