Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Ова е неподносливо, се надевам дека ќе дојде до промена

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ денеска го продолжи својот поход кон олимпиското злато, пат на кој ова утро му застана Германецот Јан Ленард Штруф кој прикажа навистина добар тенис во првиот сет.

Светскиот рекет број еден успеа да го мине вториот предизвик со максимална победа во два сета, но пред осминафиналниот дуел со Шпанецот Давидович Фокина, одново проговори за неподносливите временски услови во Токио.

Ѓоковиќ веќе се пожали до организаторите и побара мечевите да бидат поместени во вечерните термини, бидејќи топлото и спарно време прават условите да бидат исклучително тешки преку ден.

– Денеска имаше огромна влага и единствено добро беше што не беше толку топло. Денеска беше облачно бидејќи најавија дожд и искрено се надевам дека ќе заврне и дека ќе дувне малку ветер, сите да се освежиме.

– Беше неподносливо во изминатите пет дена, брутална комбинација на топлина и спарно време, нешто што секој тенисер мораше да го прифати и да се носи со тоа. Зборував со организаторите мечевите да почнуваат подоцна, имаат логистички предизвици и ми ветија дека како што ќе се намалуваат мечевите, така ќе се игра во вечерните термини. Проблемот ќе се реши ако почнуваме подоцна, а организаторите ме уверија дека работат на тоа, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни