Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ открил кога ќе се врати на тениските терени

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ реши порано да ја заврши сезоната и се повлече од настапот на Мастерсите во Париз и Торино, а новинарите вчера добиле информација од прва рака за неговите планови за 2025 година.

Српскиот тенисер бил присутен на евролигашката пресметка меѓу Црвена Звезда и Алба, па во таа ситуација и најавил дека ќе игра уште во стартната недела од новата година.

– Ќе играм првата недела од новата година, но засега немам одлучено на кој турнир.

– Тенисот ми е и натаму во фокусот, сега следуваат сериозни подготовки и се отпочеток. Ми беше потребно малку да се освежам по оваа сезона, – рекол Ѓоковиќ во изјава за „Спортклуб“.

Новак ќе има сериозни амбиции на Аустралијан Опен, но сега е јасно дека ќе ја отвори сезоната на друг терен, како генерална проба за настапите во Мелбурн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни