Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри за што е забрането да се зборува во неговиот тим

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ мина навистина тешки 10 месеци откако беше на чекор од тениска историја минатата година, бидејќи по трите освоени грен слем титули на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, стигна на триумф од прв календарски слем во опен ерата.

Ноле нанижа 27 победи во низа на грен слем турнирите и стигна до финалето на Ју-Ес Опен, но таму беше поразен од Данил Медведев и стави крај на сонот кој му создаваше толку голем притисок. После тоа, следеше тежок крај на 2021-ва година, а уште потежок старт на 2022-ра, бидејќи во луда и неповторлива драма, Србинот беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да ја брани титулата во Мелбурн.

Поради вакциналниот статус, не беше во можност да игра на голем број турнири на стартот на годината и беше приморан да мирува, се до сезоната на земјена подлога во Европа кога почнаа да се олабавуваат мерките со коронавирусот. И покрај подигнувањето на нивото, Ѓоковиќ беше поразен од Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос, но сите лоши моменти ги заборави во неделата кога ја освои својата седма титула на Вимблдон.

Ноле во големото финале го совлада Ник Кирјос со 3:1 во сетови и ја прокнижи 21-та грен слем титула во кариерата, а во низата интервјуа кои ги направи по триумфот, во едно открива дека не планира да застане тука и дека членовите во неговиот тим имаат забрана за едно прашање.

– Немам временски лимит за тоа до кога ќе играм професионално тенис и не сакам да имам. Не сакам никој тоа да ми го наметнува. За ова сите се запознаени во мојот тим и забрането е некој да ме праша уште колку ќе играм и да ми наметнува свое мислење. Сакам тоа да го уредам на свој начин, на начин на кој сметам дека треба да биде. Сигурно дека ќе потрае се додека сум во можност да освојувам грен слем титули, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни