Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри во какво друштво го гледа големото финале на Ролан Гарос (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ заработи незгодна повреда во четвртфиналето и мораше да се повлече од понатамошен настап на Ролан Гарос, па иако веќе не е дел од турнирот, српскиот тенисер ужива како голем тениски фан во финалето.

Александер Зверев направи пресврт и води 2:1 во сетови со Карлос Алкарас по речиси три часа битка на „Филип Шатрие“, а за време на третиот сет, пристигна една објава од најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ сподели интересна фотографија и откри во какво младо друштво го гледа дуелот за титула во Париз, па повеќе од јасно е дека и тој со нетрпение чека да види кој ќе го подигне пехарот.

– Уживам во овој меч во одлично друштво, – напиша Ноле на фотографијата на која го има и неговиот син Стефан.

По три комплетирани сета, Саша Зверев е поблиску до прва грен слем титула во својата кариера, но останува да видиме дали Алкарас го кажал последниот збор во денешното финале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни