Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри што му порачал на Музети по историскиот меч на Ролан Гарос

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети влезе во историјата на Ролан Гарос поради времето во кое заврши, бидејќи српскиот и италијанскиот тенисер последниот поен го одиграа во 3 часот и 7 минути по локално време.

Необичниот термин потсети на НБА натпреварите и двајцата тенисери играа до раните утрински часови, а на крајот како победник излезе поискусниот и подобриот во клучните моменти.

Ноле пред неколку години се враќаше од два сета негатива против Музети, па и вчера се врати од минус од еден сет и на крајот оставри победа со 6:3 и 6:0 во четвртиот и петтиот сет.

– Бев во голема неволја, Лоренцо направи да се чувствувам непријатно на теренот. Во одредени ситуации не знаев што да правам на теренот, тој имаше одговор за секоја моја топка. Мора да признаам дека овојпат публиката е таа која ме протурка во следната фаза. На 2:2 во четвртиот сет почнаа да го скандираат моето име и од тој момент станав друг играч, добив нова енергија.

– До тој момент навиваа за него, а потоа нешто се промени. Откако добив енергија, продолжив да јавам на тој бран и не го испуштив моментумот до крајот. Слушнав дека ова е историски меч и дека е најдоцна завршен меч на ролан Гарос. На мрежа му порачав на Лоренцо дека беше неверојатен и дека може да биде горд на партијата која ја прикажа. Знам дека ова е горко апче за него, но ова беше најдобриот тенис кој го одиграл. Има блескава иднина пред себе ако продолжи да игра на ова ниво, – изјави Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни