Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…

Објавено

на

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Ролан Гарос, место до кое дојде преку Карлос Алкарас кого го совлада со 3-1 во сетови.

Гледавме вистински спектакл во првите два сета по кои резултатот беше 1-1, но на стартот на третиот Шпанецот се повреди, имаше одредени грчеви по кои не можеше да се движи, да одговори како што знае и умее, па Србинот со 6-1 и 6-1 го затвори мечот, па во недела ќе се бори за 23 грен слем во кариерата.

-Пред се, морам да кажам дека Карлос немаше среќа. Штета е, на ова ниво последното нешто што сакате се грчеви и физички проблеми во завршната фаза на грен слем. Се надевам дека брзо ќе закрепне и ќе се врати наскоро. Му кажав на мрежа, знае колку е млад, тој е фантастичен играч и сигурно ќе освои турнир во иднина.  Му беше тешко да одлучи дали да се предаде или не. Тој е неверојатен натпреварувач, фино момче и ја заслужува сета поддршка. Му честитам што се издржа до крај и за тоа заслужува многу почит. И двајцата бевме на нашата физичка граница, ниту јас не се чувствував добро. Игравме рамо до рамо, а потоа се случи ова и од тој момент беше поинаков натпревар. Само се обидов да останам фокусиран, видов дека се мачи на другата страна од мрежата, но се надевам дека ќе се врати, -рече Ѓоковиќ кој не опушта затоа што знае дека мора да запише уште една победа да испише историја.

-Се уште не е готово, имам уште еден натпревар за два дена да играм за таа 23-та титула. Го живеам сонот, уште едно финале на Ролан Гарос. Сон е да играм овде уште еднаш, да ја покажам мојата најдобра игра. Се надевам дека еден ден повторно ќе го освојам овој турнир, порача Србинот кој за нареден ривал ќе го има Руд или Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни