Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри што му дошепнал на Федерер за време на специјалната средба на Вимблдон (Видео)

Објавено

на

Вимблдон вчера режираше симпатична церемонија поради фактот што првпат се играше тенис на денот недела кој до ова издание беше резервиран за одмор по напорните први шест дена, па на централниот терен во Ол Ингланд клубот се појавија најголеми шампиони кои го имаат освоено престижниот трофеј.

Спикер беше Џон Мекинро и тој ги најавуваше шампионите кои имаат освоено една или повеќе титули на најпрестижниот турнир, па откако на теренот се појавија големи имиња како Надал, Борг, Ѓоковиќ и многу други, последен на централниот терен излезе најголемиот шампион на Вимблдон.

Рожер Федерер има осум титули на Вимблдон и доби најгласен аплауз од гледалиштето во Лондон, а интересно беше и тоа што Ѓоковиќ нешто му дошепна откако застана веднаш до него во „линијата шампиони“.

Србинот кој има шест титули зад своето име на ова издание ја напаѓа седмата, па иако не крие дека сака да дојде до осумте трофеи на Федерер, открива дека имал убава порака за Швајцарецот кој е надвор од терените веќе подолго време.

– Му реков дека многу луѓе го сакаат и дека го поздравија многу убаво, исто така му додадов дека треба да се врати и да одигра барем уште еднаш на Вимблдон, нешто што го кажа и самиот подоцна. Сите видовме дека тоа беше посебен момент кога тој влезе на теренот. Цел стадион стана на нозе, луѓето покажаа колку го ценат и колку го сакаат. Стварно е легенда во секоја смисла на зборот. Чудно е што не го гледаме на турнирите, веќе неколку години се мачи со повредите, па и сам рече дека му е чудно што доаѓа на Вимблдон како неактивен учесник. За тенисот како спорт е многу важно такви играчи да бидат што подолго активни, бидејќи тоа е допринос за сите нас, – вели Ѓоковиќ за „Спортклуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни