Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри што ќе прави за дочекот на Нова година и порача: Се надевам дека Мари нема да се повреди пред Мелбурн (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BrisbaneTennis

Новак Ѓоковиќ не му даде голема шанса на Ринки Хиџиката и славеше во два сета со сигурни 6:3 и 6:3, победа со која Србинот стави крај на 2024-та година.

Турнирот во Бризбејн донесе голем број фанови на трибините и во последната вечер од годината, а Новак не пропушти шанса да им се заблагодари на сите кои беа присутни, на кои им откри и што ќе прави на дочекот на Новата 2025-та година.

– Стана традиција да ја дочекувам новогодишната ноќ од теренот. Минатата година тоа го направив во Перт, сега сум тука во Бризбејн. Навистина го ценам тоа што дојдовте тука пред да се слави новогодишната ноќ.

– Моето семејство е тука и имаме свои планови за вечерва. Моите деца се тука и тие се возбудени што нема да си легнат толку рано. Дефинитивно ќе гледаме еден од многуте огномети што се очекуваат во Бризбејн по повод пречекот на Новата година, – порача Ѓоковиќ, па за крај откри што прави неговиот нов тренер Енди Мари во моментов.

– Тој не е во Британија, во моментов скија. Тој е на скијачки одмор со своето семејство, се надевам дека нема да се повреди пред да ми се приклучи во Мелбурн. Испраќам голем поздрав до него и неговото семејство. Комунициравме пред мечот, возбуден сум што ќе го имам на моја страна после 20 години кои го имав како ривал на другата страна од мрежата, – изјави Србинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни