Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри која работа посебно го налутила околу допинг скандалот на Синер

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ со една голема промена ќе ја стартува новата 2025-та година, но и почетокот на новата сезона носи една голема непозната кога е во прашање големиот ривал Јаник Синер.

Италијанецот беше помилуван од страна на телото за интегритет во тенисот за двата позитивни допинг теста во месец март, но ВАДА се уште не го затвори овој случај и бара Италијанецот да добие двегодишна казна од страна на Судот за спортска арбитража.

Како што стојат работите, случајот нема брзо да добие разрешница и Синер сигурно ќе настапи на Аустралијан Опен, а бидејќи над неговото име надвиснаа навистина и доста црни облаци во последните неколку месеци, Новак Ѓоковиќ сега се обиде да објасни зошто ги сфаќа колегите кои отворено го критикуваат Јаник.

– Мешањето на други организации во нашиот спорт остава навистина лош имиџ за тенисот. Навистина не сакам да се зборува за допинг во нашиот спорт. Во последните 20 години колку што јас сум долго во спортот, тенисот е еден од најчистите спортови во светот.

– Јас верувам дека е така и ќе продолжам да мислам дека нашиот спорт е чист. Јас го доведувам во прашање само функционирањето на системот. Сметам дека системот не третира одредени играчи на ист начин како некои други.

– Сите знаеме дека Ник Кирјос отворено го критикува Синер, а според мене, проблем е во неконстантноста и лошата транспарентност. Никој не знаеше ништо за случајот на Јаник до почетокот на Ју-Ес Опен. Не доведувам во прашање дали земал недозволена супстанца со намера, или не. Јас верувам дека Јаник е чист, го познавам од мал, но нависитна бев фрустриран како и многу други тенисери што го криеја случајот од нас пет месеци. Не знаевме ништо за тоа до крајот на август, а тоа се случило во март, – порачува Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни