Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…

Објавено

на

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ обелодени што сака да направи до крајот на неговата кариера, односно кој е неговиот најголем сон.

Новак има освено многу титули, остварено многу победи на Мастерси, грен слемови, триумфи со Србија, соборено многу рекорди, ама за него и понатаму голема желба е да освои златен медал на Олимписките Игри.

Досега најголем негов успех на таа сцена е бронзата од Пекинг до 2008 година, а нова шанса тоа да го поправи се игрите во Токио.

-Тоа е еден од моите сонови. Не сакам да бидам неблагодарен поради освоена бронза, тоа исто е успех … Играв и во полуфиналето во Лондон, изгубив, а потоа и за третото место.

-Јас секогаш наоѓам дополнителна мотивација да го дадам својот максимум со претставување на мојата земја. Особено на Олимписките игри, сите знаеме дека тоа е најголемиот спортски настан, -порача Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни