Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри кои три спонзори му останале верни и покрај сите притисоци: Многу сум им благодарен

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Новак Ѓоковиќ загуби неколку важни спонзори и милиони евра поради својот став за вакцинацијата против Ковид 19, но во цел турбулентен период, имаше и такви компании кои останаа верни на светскиот рекет број еден.

Најголемиот удар на Србинот му го зададе „Пежо“ кој ја прекина долгогодишната соработка, следеше раскин на договорот и со „УКГ“, но најдобра вест за Ноле беше тоа што најважниот спонзор остана зад него, а тоа е историски познатиот бренд во тенисот, „Лакост“.

Пред возбудувањата на Ролан Гарос, Ѓоковиќ ги именуваше трите големи спонзори кои останале зад него и покрај големите притисоци од јавноста и влијателни луѓе, додавајќи дека е неизмерно благодарен за таквиот однос и вербата која ја имаат во него.

– За некои работи не сакам да зборувам пред да дојде до официјално соопштение. Не сакав да зборувам на оваа тема додека не се расчистија работите.

– Главните спонзори останаа до мене и многу сум им благодарен. „Лакост“, „Хед“ и „Асикс“ останаа со мене, некои други веќе ги нема. Најмногу притисок имаше „Лакост“, со нив често бевме во контакт и јас лично зборував со првиот човек на компанијата. Покажаа дека сум и важен како глобален амбасадор и немаа лесна позиција. Ми кажаа дека имаат големи притисоци од медиумите и влијателни клиенти, но направија добра одлука и благодарен сум. Ќе се потрудам да го застапувам брендот „Лакост“ онака како што му доликува. Горд сум што го носам крокодилот на себе, – изјави Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни