Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри какво решение донел за соработката со Мари

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ експресно го заврши настапот на турнирот во Доха, бидејќи загуби уште на првиот настап во кој противник му беше Матео Беретини, па сега ќе треба да се подготвува за следниот настап кој ќе биде дел од неговиот план во 2025 година.

Во меѓувреме српскиот тенисер на медиуите им открил дека се договорил со Енди Мари да ја продолжат соработката и наредниот период, откако екс тениската ѕвезда работеше заедно со Новак на Аустралијан Опен.

– Ја изразив мојата желба да ја продолжам соработката со него и среќен сум што тој прифати.

– Договорот е на неодредено време, но веќе имаме согласност да работиме заедно на Мастерсите на американска територија, па и на дел на турнирите на земја. Потоа ќе видиме како ќе продолжиме.

– Нашата соработка е поинаква, тој има уникатна перспектива на мојата игра, ми беше ривал и играше и против другите актуелни најдобри тенисери во светот, – изјавил Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни