АТП
Ѓоковиќ откри како успеал да го „разбие“ непобедливиот Медведев во финалето во Мелбурн

Финалето на Австралија Опен кое се одигра во неделата ги разочара неутралните фанови на тенисот, бидејќи светскиот рекет број еден не му даде никаква шанса на разиграниот Данил Медвед и со максимални 3:0 стигна до деветта титула во Мелбурн парк.
Рускиот тенисер влезе со серија од 20 последователни победи на завршниот меч против Новак Ѓоковиќ, но во големото финале во ниту еден момент не му се закани посериозно на најголемиот шампион во историјата на Австралија Опен, кој со вчерашниот триумф стигна и до 18-та титула на грен слем турнирите.
Новак позираше со трофејот и на плажата во Мелбурн, а на тамошните медиуми им обелодени како успеал да го „разбие“ Русинот кој делуваше непогрешливо во својот пат до финалето.
– Голема предност во мојата игра е тоа што знам добро да се адаптирам на противникот и да се прилагодам на условите. Фактот што имам разновидна игра, што можам да применам различни стилови на игра, тоа многу ми помогна во овој дуел. Противникот не знаеше што да очекува.
– Мислам дека тоа беше клучно, Данил беше во неверојатна форма и со своите сервиси лесно ги освојуваше своите гејмови, па јас знаев што ќе биде најважен сегмент. Мојот ритерн беше најважен, влегував добро во неговиот сервис, не му давав шанса лесно да ги освојува гејмовите. Австралија секогаш го вади најдоброто од мене, се надевам дека тоа ќе го пренесам и на другите грен слем турнири, – изјави Новак.

- Формула 1пред 21 час
Докторката Милена Тасиќ е ангажирана во рехабилитацијата на Шумахер
- Англијапред 13 часа
Гундоган призна дека бил пред трансфер во голем ривал на Манчестер Сити: Имаше разговори со нив
- Англијапред 11 часа
Бербатов типува: Ќе има доста голови на дербито на „Стемфорд Бриџ“, Ливерпул ќе ја прекине серијата на порази
- Англијапред 12 часа
Манчестер Јунајтед на готовс, извршниот директор на Борусија Дортмунд не отфрли заминување на звездата на тимот
- НБАпред 12 часа
Леброн не чекаше многу и му возврати на Ибрахимовиќ: Чудно од негова страна, јас нема шанси да седам настрана
- Англијапред 16 часа
Гундоган направи споредба меѓу двата великани: За Клоп умирате на теренот, чувството со Гвардиола…
- Италијапред 10 часа
Касано: Роналдо е големо промашување на Јувентус, ова беше погрешен проект
- Англијапред 14 часа
Тухел се отвори за најтешкиот пораз во кариерата: Бев во темнина, не можев да зборувам два дена