Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откако му одржа тениска лекција на Манарино: Сакав да загубам еден гејм…… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ се прикажа во најбрутално издание на овогодинешното издание на Аустралијан Опен, турнир на кој ја напаѓа својата 11-та титула на грен слем турнирот во Мелбурн.

Светскиот рекет број еден имаше проблеми во првите две рунди, во третата го подигна нивото за едно скалило и триумфираше против Ечевери без да дозволи брејк топка, но рано утрово одигра перфектен меч.

Адријан Манарино доби два „компири“ во првите два сета и самиот си фаќаше сеир за резултатот (6:0, 6:0), а конечно на стартот на третиот сет успеа да освои еден гејм.

Новак Ѓоковиќ призна дека размислувал за историски меч кој може да заврши со три пати по 6:0, но истовремено посакувал противникот да освои еден гејм.

– Првите два сета се нешто најдоброто што сум го одиграл во последно време. Во такви услови, не може да кажам дека не размислував за 6:0 и во третиот сет. Сепак, тензијата растеше на стадионот и да бидам искрен, сакав да го загубам тој прв негов сервис гејм во третиот сет. Така успеав да се фокусирам и да се мотивирам да го завршам мечот во три сета.

– Првпат играв преку ден оваа година, а како одиграв, подобро да играм преку ден. Секогаш сакам брзо да ја завршам работата, сакам да биде 3:0 постојано, но сега доаѓаат потешки ривали. Едноставно е, здравствено се чувствувам подобро од пред неколку дена и засега се оди во добра насока, – изјави Ѓоковиќ кој во четвртфиналето во Мелбурн ќе игра против Тејлор Фриц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни