Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ освои неверојатен поен во клучните моменти, па „заплива“ на земјата на Ролан Гарос (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ беше на работ од бездната и изгледаше како тенисер кој нема решение за Франциско Серундоло, не само поради добрата игра на Аргентинецот, туку и порарди фактот што се мачеше со повреда на коленото.

Србинот имаше проблеми со движењето и изгледаше доста лошо во третиот и добар дел од четвртиот сет, но како безброј пати досега, некако успеа да смогне сили и да го сочува најдоброто за крај.

Ноле режираше пресврт и после жестока маратонска битка се пласираше во четвртфиналето, а поенот на мечот го одигра во одлучувачкиот петти сет кога доби аплаузи и од ривалот.

Ѓоковиќ даваше максимум во секој поен во завршниот сет, но една неверојатна реакција на мрежа посебно отскокна и беше означена и како поен на денот од Ролан Гарос.

Новак со своето акробатско истегнување испорача неверојатен волеј на мрежа, а потоа „заплива“ на земјата на „Филип Шатрие“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни