Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ одреди кој влегува со фаворитска улога во битката за злато со Алкарас

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ стави крај на црната серија во полуфиналињата на Олимписките игри и за првпат ја надмина оваа фаза на најважниот спортски настан, откако вчера во два сета беше подобар од Лоренцо Музети.

Србинот заборави на проблемите со коленото и славеше со 6:4 и 6:2 во меч кој траеше 1 час и 50 минути, а со победата веќе обезбеди сигурен медал за својата земја.

Ѓоковиќ стана највозрасниот тенисер во историјата кој ќе игра во едно големо финале на Олимписките игри, но предизвикот ќе биде најголем за Ноле бидејќи за ривал ќе го има најразиграниот играч во овој момент.

Карлос Алкарас повторно стои на патот на Ѓоковиќ и двајцата ќе се борат за прво олимписко злато во Париз, дуел пред кој грен слем рекордерот му ја препушти фаворитската улога на младиот Шпанец.

Иако најави дека ќе атакува на злато, Новак смета дека Алкарас влегува со поголеми шанси за триумф.

– Не се сметам себеси за фаворит во финалето. Алкарас докажа дека во моментов е најдобар во светот. Го освои Ролан Гарос, ме победи во финалето на Вимблдон, тој дефинитивно е фаворит. Долго не сме се сретнале на земја, но мислам дека имам шанси. Чувствувам дека сум во подобра форма од Вимблдон, верувам во себе пред финалето, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни