Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ одигра антологиски гејм и обезбеди рутинска победа на враќањето на турнирите

Објавено

на

foto: https://twitter.com/usopen

Новак Ѓоковиќ се врати на АТП турнирите и вечерва славеше против Пабло Андухар во Тел Авив, за пласман во третото коло на турнирот во израелскиот град.

За српскиот тенисер ова е прв настап во борба за АТП поени по Вимблдон, а немаше големи проблеми со шпанскиот ривал, кого го совлада со резултат 6:0 и 6:3 во двата сета.

Ѓоковиќ беше фуриозен во првиот сет во кој не му дозволи на Андухар да освои ниту еден гејм, за во вториот сет да биде одигран и еден неверојатен гејм.

Истиот траеше нестварни 23 минути, а по многу одбранети брејк топки и неискористени шанси, Андухар го освои гејмот за привремени 1:1 во вториот сет.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде Васек Поспишил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни