АТП
Ѓоковиќ одби да се појави на пресот, па се огласи на Инстаграм за дисквалификацијата на Ју-Ес Опен (Фото)
Новак Ѓоковиќ немаше најдобар ден на теренот за време на првиот сет во дуелот со Карењо Буста, но дефинитивно, никој не очекуваше дека светскиот рекет број еден ќе го заврши настапот на Ју-Ес Опен онака како што го заврши изминатава вечер.
Српскиот тенисер доживеа дисквалификација од одговорните луѓе на грен слем турнирот во Њујорк, иако Новак се обидуваше да се објасни со супервизорите за нереалниот инцидент кој го изрежира откако загуби гејм за негатива од 6:5.
Претходно, Новак пропушти неколку сет топки при сервис на противникот, па малата нервоза за загубениот свој гејм кулминираше на најлош можен начин, бидејќи Србинот ја погоди со топче линиската судијка. Иако тоа го направи ненамерно, Ноле со ова го прекрши стриктното правило на АТП турот, според кое следи дисквалификација во вакви случаи.
Во моменти на бес, Србинот одби да се појави на прес-конференција, но затоа подоцна се огласи на Инстаграм и покрај извинувањето, нагласи дека ова ќе му биде животна лекција
– Цела оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линиска судијка и според информациите кои ги добив, фала му на Бог се чувствува добро. Не можам да го откријам нејзиното име поради зачувување на приватноста. Навистина ми е жал што и нанесов таков стрес, тоа не беше намерно, но беше погрешно.
– Сакам ова непријатно искуство, дисквалификацијата од турнирот да ја претворам во важна животна лекција, со цел да растам и да се развивам како човек, но и тенисер. Им се извинувам на организаторите на Ју-Ес Опен. Благодарен сум на мојот тим и на семејството што ми даваат голема поддршка, како и на моите фанови кои секогаш се со мене. Ви благодарам и многу ми е жал. Ова беше тежок дена за сите, – напиша Ноле.
-
Светпред 17 часа
Скалони: Само двајца играчи се сигурни за Копа Америка
-
Светпред 16 часа
Фелипе Мело распали по Робињо и Дани Алвес: Да и го направеа тоа на мојата ќерка, сега немаше…..
-
Светпред 16 часа
Белингам го одобри најголемото откровение на Јунајтед: Не сакам да додавам масло во огнот, но тој има светла иднина
-
Светпред 15 часа
Бразилска ѕвезда имала тешки мисли: Не мислев да се самоубијам, но сакав да се повлечам по неуспехот на СП
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ се појавил со нов тренер на тренингот во Белград (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Сања даде прогноза за дербито Сити-Арсенал: Можам да видам…
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата (Видео)
-
Германијапред 14 часа
Ридигер даде целосно образложение за гестот поради кој го поврзаа со ИСИС (Фото)