АТП
Ѓоковиќ објави снимка на социјалните мрежи: Ова е за сите „експерти“ за спортски повреди (Фото)

Новак Ѓоковиќ не можеше да го доврши полуфиналето на Аустралијан Опен и му предаде на Александер Зверев по еден одигран сет на „Род Лејвер арената“, одлука која му донесе и свирежи на десеткратниот освојувач на грен слемот во Мелбурн.
Српскиот тенисер се повреди уште во четвртфиналето со Карлос Алкарас и успеа да го доигра истото со двојна доза на лекарства, а бидејќи по остварената победа се остварија сомнежи дека тој всушност лажира здравствени проблеми, сега Ноле реши да се огласи преку социјалните мрежи со фото-доказ.
Ѓоковиќ почувствува потреба да им презентира доказ на сите оние кои се сомневаа во неговата повреда, нудејќи ја снимката од направената магнетна резонанца.
Радиолошката снимка покажува дека Ноле има руптура на задната ложа, по што се расчистуваат било какви дилеми дека се обидел да лажира повреда за да го деконцентрира Алкарас, а потоа и Зверев во најавите за полуфиналето.
– Помислив да го оставам ова тука за сите „експерти“ за спортски повреди, – објави Србинот.
Thought I’d leave this here for all the sports injury “experts” out there. pic.twitter.com/ZO5mBtw9zB
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 25, 2025
-
Свет23 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Лига на шампиони14 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија22 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони16 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Италија20 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција22 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Англија23 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед
-
НБА21 час
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)