Поврзете се со нас

АТП

АО: Ѓоковиќ обезбеди осминафинале без да му дозволи ни брејк топка на Ечевери

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ очекувано го завери пласманот во осминафиналето на Аустралијан Опен, денеска победувајќи го Томас Мартин Ечевери со 3:0 во сетови.

Првпат на годинешново издание на овој грен-слем, српскиот тенисер не загуби сет и по 150 минути игра се најде во следната рунда.

На светскиот рекет број еден му беше доволен само еден брејк во првиот сет, направи два за да го добие вториот, а во третиот и последен мораше да игра тај-брејк, во кој беше убедлив со 7:2.

За Новак ова беше јубилеен стоти настап во Мелбурн, а стигна и до 31. победа по ред на овој турнир, притоа не давајќи му ниту една брејк шанса на противникот.

Во следната рунда, Ѓоковиќ ќе игра против Французинот Манарино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни