Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Ништо не проповедам, само го делам мојот животен пат

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ додека трае пандемијата со коронавирусот неколкупати се најде во центарот на вниманието на јавноста, првиот пат со изјавата дека е против вакцинација или поточно да има избор дали тоа да го направи за да сега ги изненади фановите посочувајќи дека познава луѓе кои со молитва претвораат загадена во лековита вода.

Ѓоковиќ ги изненади фановите: Познавам луѓе кои со молитва претвораат загадена во лековита вода

Ова Србинот го истакна во разговорот со иранскиот нутриционист Шервин Џафаријех по што секако следеа реакции на што првиот светски рекет одговори и дообјасни некои работи:

-Јас го кажав тоа во претходните обраќања, но мислам дека е важно луѓето да ги слушнат и ќе повторам – ова е само наша перспектива за работите во животот, го делиме нашиот животен пат и трансформацијата на каков било вид низ кој сме поминале.

-Благословен сум што имам можност да поканам некои неверојатни луѓе кои го споделуваат својот животен пат, така што луѓето што биле тука можат да слушаат и се надевам дека ќе најдат нешто што ги инспирира и ќе можат да го идентификуваат сопствениот животен пат со нашиот- сите минуваме низ слични емоционални и ментални предизвици.

-Повторувам – ние не проповедаме ништо, но ги споделуваме нашите ставови во пријателски разговор, -порача Новак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни