Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Нема да навивам за Синер, во овој момент мислам само на едно нешто

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Новак Ѓоковиќ првпат се доведе во ситуација да зависи од друг на завршниот Мастерс во Торино, бидејќи втората победа во групата не му донесе автоматски пласман во полуфиналето.

Во оваа фаза од „зелената група“ сигурно ќе го гледаме Јаник Синер, но сега Ноле ќе треба да чека услуга од Италијанецот во вечерната пресметка која ќе ја има со Холгер Руне.

Новак денеска успеа да го победи Хуберт Хуркач и тоа беше втор триумф за него во Торино, но поради тоа што загуби сет и играше три сета, сега зависи од друг.

Светскиот рекет број еден ќе се најде во полуфиналето само ако Синер го победи Руне, па така калкулациите се сведоа на едно сценарио во кое Србинот треба да навива за играчот од кого загуби пред два дена.

– Нема да навивам за Синер. Ако он победи, одам понатаму, ако не, ја завршив сингл сезоната со победа и одиме напред. Не е крај на светот, го имам и Дејвис Купот. Бев фокусиран да победа, тоа го направив и исходот од мечот кој следи не е во мои раце. Во моментов мислам само на едно нешто, а тоа е да ги прегрнам моите деца.

– Дали ќе го гледам мечот о 21:00 часот? Не знам дали ќе го гледам навистина, децата ми се приоритет. Одам да одмора неколку часа, па ќе видиме за вечер. Најверојатно ќе го следам мечот само резултатски, – порача Србинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни