Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ нема да игра во Синсинати, Алкарас може да напредува на АТП ранкингот

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ го откажал настапот на Мастерсот во Синсинати и годинава нема да го брани трофејот, кој во 2023 година го освои по еден возбудлив дуел со Карлос Алкарас во финалето.

Слично како и во Париз, Ѓоковиќ тогаш беше подобар од Шпанецот, но годинава нема да настапува на турнирот во САД, што значи дека ќе загуби и 1000 поени.

Организаторот потврди дека српскиот тенисер нема да биде дел од ждребот и веќе е одреден тенисерот кој ќе го замени, а сосема логично е дека најважна причина за ваквата одлука е исцрпувачкиот настап на Олимписките игри, турнир кој беше и приоритет на Новак во 2024 година.

Ваквиот потег му овозможува на Алкарас да има реални шанси да го преземе второто место на АТП ранкингот во пресрет на Ју-Ес Опен, а со тоа би бил втор носител и би го избегнал Јаник Синер до финалето.

Од друга страна, Ѓоковиќ без „загревање“ ќе се појави во Њујорк и ќе се обиде да стигне до 25-ти грен-слем трофеј.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни