Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Не знам дали ова некогаш ми се случило…

Објавено

на

Српскиот ас, Новак Ѓоковиќ претрпе пораз од Доминик Тим со 2-1 во сетови во полуфиналето на АТП завршниот турнир во Лондон.

Во изедначениот меч во кој решаваа нијанси, Ѓоковиќ застана кога беше најпотребно, поточно во решавачкиот трет сет во тај-брејот поведе со 4-0 и многумина помислија дека рутински ќе ја доврши работата.

Сепап Тим покажа карактер, упорност и со серија од 7-1 дојде до триумф вреден финале во кое ќе игра со подобриот од битката меѓу Надал и Медведев.

-Нереално е што стори од 0-4 во тај-брејкот. Не играв лошо. Мислам го погодив скоро секој прв сервис, но тој ја уништи топката од двете страни, одигра неколку кратки слајсови под агол. Го контролирав мечот на 4-0, мислев дека сум близу до победа, но тој ми ја одзема. Беше храбар и сè функционираше, -рече Ѓоковиќ и додаде:

-Не знам дали некогаш ми се случило вакво нешто- понекогаш кога ќе затвориш очи и ќе играш со сета сила, се му влезе. Честитки за неговата храброст. Ја удираше топката со цела сила и сè влезе. Кога тоа го правите, понекогаш промашувате. Тоа е едноставно. Како што кажав тој направи сé как што треба од 0-4, морам да му симнам капа и да му честитам. Бев во секој поен, не ја туркав топката, но тој ја уништи топката, играше одлично, -заврши првиот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни