Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Не знам дали ќе играм во четвртфиналето

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ со доста мака го совлада Франсиско Серундоло (3-2) и обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос каде за противник ќе го има Каспер Руд кој пак денеска ја оправда фаворитската улога во пресметката со Тејлор Фриц.

Ѓоковиќ втор меч во низа играше пет сета, но сега имаше проблеми и со коленото, па првиот светски рекет не е сигурен дали ќе може повторно да настапи на турнирот.

Ѓоковиќ преку нова драма до рекорд и место во четврфиналето во Париз (ВИДЕО)

-Имам мали проблеми со коленото веќе неколку недели. Играв и турнири, не беше страшно, но доцниот почеток пред два дена не помогна со спиењето и биоритамот. Првиот сет го одиграв добро, а потоа се лизнав во третиот гем од вториот сет. Тоа влијаеше на моето колено. Почнав да чувствувам болка. Побарав медицински тајм-аут и се обидов да го решам проблемот. Тоа влијаеше на мојата игра два и пол сета. Не сакав да играм долги поени, кога играше дроп-шот или удари што ги менуваа страните, не можев да трчам. Не знаев дали да го продолжам натпреварот.

-Добив лекови и по третиот сет побарав повеќе лекови и ги добив. Тоа беше максималната доза што почна да делува по 30-40 минути, кон крајот на четвртиот сет кога почнав да играм подобро. Чувствував се помалку ограничувања во мојата игра и целиот петти сет беше речиси безболен, што беше одлично. Утре ќе направиме повеќе тестови и проверки, веќе направивме некои со докторот по натпреварот. Има некои позитивни вести, но и некои грижи, сега не можам повеќе да кажам. Драго ми е што го одиграв петтиот сет без болка, -рече Србинот и додаде:

-Доброто е што има ден за одмор меѓу натпреварите. Не знам што ќе се случи и дали воопшто ќе можам да играм во четвртфиналето, ќе видиме, -заклучи првиот носител на турнирот во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни