Ѓоковиќ: Не сум бизнис партнер на Пике

EPA/Sergio BarrenecheaEPA/Sergio Barrenechea

Новак Ѓоковиќ денеска ги демантираше информациите дека му е бизнис партнер на Жерард Пике во компанијата која наредните години ќе биде задолжена за реализација на завршниот турнир на Дејвис купот кој ќе биде организиран во поинаков формат.

Српскиот тенисер во интервју за „Паризиен“ вели дека е пријател со Пике, но и прв човек на Унијата на играчи, па освен добрата соработка со компанијата „Космос“, нема никаков интерес од потпишаниот договор.

– Се изненадив кога слушнав, не сум дел од групата која го финансира проектот. Како претседател на Унијата на играчи и човек што го сака спортот, сакав само да помогнам, но не сум бизнис партнер на Пике. Можеби луѓето ме поврзале со него бидејќи често контактиравме изминатиот период, бев дел од преговорите, но немам некоја корист од овој договор, – истакнал Ѓоковиќ кој е голем фан на промените во Дејвис купот.

– Промената на форматот е добра работа, нешто што јас и други тенисери отсекогаш сме го посакувале. Последните години покажаа дека досегашниот систем не е функционален, бидејќи малку тенисери играа константно во Дејвис купот, – вели српскиот тенисер.

Facebook Коментари