Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ не се задоволува и испрати порака пред своите сонародници во Белград: Едно нешто ми недостасува

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ доживеа спектакуларен пречек од своите сонародници во Белград и позираше со трофејот од Вимблдон од балконот на „Стари двор“, но истовремено им се обрати на големите тениски фантици кои во огромен број беа присутни да го поздрават големиот шампион.

Според информациите на српските медиуми, околу 10 илјади фанови направиле „Стари двор“ да биде претесен за 21-кратниот грен слем шампион, кој по седмиот освоен трофеј на Вимблдон најавил дека нема да застане тука, порачувајчи дека следна голема цел ќе му биде да го освои златото на Олимписките игри, единственото нешто што му недостасува.

– Што ќе правам сега следно? Одиме понатаму, сите ме прашуваат кој е мој омилен број кога се во прашање грен слем титулите. Мој омилен број е мојата следна  титула, така велеше мојот идол Коби Брајант. Одиме понатаму, се до медалот на Олимписките игри, оној златниот. Тоа е она што ми недостасува, – изјавил Ноле.

Србинот во неделата го победи Кирјос со 3:1 и ја освои четвртата последователна титула во Ол Ингланд клубот, но тој вели дека трофеите ќе поминат, а љубовта од својот народ ќе ја памети вечно.

– Вреди да се живее за вакви моменти, вреди да продолжам да играм тенис. Имав многу среќа да достигнам најголеми височини во кариерата, да освојам многу трофеи, но овие моменти се незаборавни. Трофеи се трофеи и тие проаѓаат, али овие моменти кои ги делиме заедно е нешто што ќе го носам со себе до крајот на животот. Ви благодарам, ми го разбувавевте денот, вечерта, годината, животот, – им порачал Ноле на своите сограѓани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни