Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Не размислував за коленото, ако беше некој друг турнир…

Објавено

на

foto: x.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ имаше убедлив старт на третиот календарски грен слем Вимблдон и тоа против Вит Коприва кого го совлада по два часа игра со 6:1, 6:2, 6:2.

Србинот делуваше сигурно, не покажа никакви проблеми иако пред само неколку недели заработи повреда на коленото и мораше да замине на операција по која експресно се рехабилитираше.

-Се чувствувам многу добро. Се чувствував добро на теренот. Околностите беа различни поради коленото. Не знаев како ќе биде на теренот, тренинзите се поразлични од натпревар. Ви благодарам што дојдовте и ме поддржавте.

-Се обидов да се фокусирам на играта и да не размислувам за коленото. Направив се што е можно со тимот за да бидам овде денес. Да беше некој друг турнир, немаше да ризикувам, -рече Ѓоковиќ и додаде:

-Немаше убедувања. Тоа беше заедничка стратегија што ја воспоставивме. Би сакал да му се заблагодарам на хирургот за добро завршената работа. Имав една операција на лактот, секогаш правам се за да го избегнам тоа. Исто така избегнувам некои големи повреди.

-Тие доаѓаат и си одат, мора да го прифатите. Како спортист сочувствувам со сите што страдаат. Тешко е, се чувствуваш беспомошно. Не можете да се занимавате со вашата работа со месеци. Мари денеска се повлече што е голема загуба за турнирот. Се надевам дека ќе ја заврши кариерата под негови услови. Тешко ми е да зборувам за сериозни повреди, се враќам по три и пол недели, -порача Ноле кој во второто коло ќе се соочи со Џејков Фернли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни