Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ не играше, ама го мина Алкарас на АТП листата

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ нема одиграно ниту еден натпревар по повредата на Ролан Гарос, но и оваа ситуација му донесе напредок на АТП листата и тоа на сметка на Карлос Алкарас.

Алкарас не се прослави на турнирот во Квинс каде ја имаше улогата на прв носител, загуби во второто коло и на тој начин остана без бодови кои го преселија на третото место на ранкингот или поточно сега е зад Ѓоковиќ кој има 836о бодови.

Број еден е Јаник Синер кој вчера триумфираше во Хале што значи во одлична форма ќе го дочека Вимблдон.

Во првата петка се уште Александер Зверев и Данил Медведев.

Кога се во прашање нашите тенисери, Калин Ивановски е 489 на светот, а Горазд Србљак е на 1135 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни