Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ не го менува „рецептот“, го победи Беретини за полуфинале на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го победи и Матео Беретини и веќе стигна до полуфиналето на тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен.

Српскиот тенисер повторно го искористи препознатливиот рецепт, започна поспоро и со загубен сет, за потоа да го реши противникот во наредните три сета.

Италијанскиот ривал го доби првиот сет со 7:5, но потоа следуваше одговорот на првиот фаворит, кој ги доби наредните етапи од мечот со 6:2/6:2/6:3 за сепак сигурни 3:1.

Следен противник на Ѓоковиќ е Александер Зверев, што ќе биде навистина атрактивен меч ако се знае дека Германецот го победи светскиот рекет број еден на Олимписките игри во Токио.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Оже-Алиасим и Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни