Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Не е важно од каде сте и каква боја е вашата кожа, спортот секогаш…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/usopen

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ дојде до уште едно престижно признание во кариерата што дефинитивно е потврда за доминација на светската спортска сцена.

Тој ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на светот за 2023 година, „титула“ број пет во досегашната кариера. Ѓоковиќ ги остави зад себе Халанд, Меси, Дуплантис, Лајлс и Ферстапен и беше крунисан за број еден за минатата календарска година.

Ново признание за Србинот: Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист на светот

-Последните час и половина гледам неверојатни спортисти овде во собата. Сите што направија големо влијание во светот на спортот во 2023 година, секој што ги инспирира луѓето во светот. Сакам да им оддадам признание на сите што се тука. Честитки за сите. Лауреус е посебна организација и навистина ми е чест што имав можност во 2012 година да ја добијам оваа награда. Благодарен сум што луѓето кои ја основаа оваа Академија препознаа што и колкаво влијание има спортот врз животот, како може да ги промени животите на децата.

-За мене е голема чест да бидам дел од сето ова, нешто што вистински ги обединува светот и луѓето и што им покажува на младите дека се е можно и дека не е важно од каде сте и каква боја е вашата кожа. Спортот сите не обединува сите, -порача Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни