Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ не доби вистински предизвик во финалето и стигна до јубилејна Мастерс титула! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RolexPMasters

Откако мина три тешки рунди во претходните три дена, Новак Ѓоковиќ се очекуваше да има тежок предизвик и во големото финале на Мастерсот во Париз, но тениските фанови останаа разочарани за вистински спектакл поради слабото ниво кое го прикажа Григор Димитров.

Ноле одигра доволно добро за да оствари прелесна победа во финалето во француската престолнина, но не наиде на жесток отпор како што тоа го понудија Рубљов, Руне и Грикспор во претходните три дена.

Бугаринот влезе во финалето прикажувајќи навистина импресивен тенис, но денеска не беше ниту приближно добар и само уште еднаш се потврди дека целосно се распаѓа кога игра против најдобриот светски тенисер.

Димитров го претрпе 12-от пораз во 13-та пресметка со српскиот тенисер, а денеска одново не успеа да освои ниту еден сет против Ноле и дури три пати го губеше сервисот.

Новак го доби првиот сет со 6:4 и го однесе мечот во посакуван правец, за потоа во вториот да направи два брејка за рутински 6:3 и сигурна победа за седма титула на турнирот во Акор арената.

За Ноле ова беше јубилејна 40-та Мастерс титула во неверојатна кариера, или севкупно дојде до 97-ма титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни