Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Не барам изговори…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ ја потврди фаворитската улога и славеше над аутсајдерот Џејкоб Фирнли во второто коло на Вимблдон.

Србинот се соочи со проблеми во овој меч, загуби и сет, но целта е остварена, пласман во следната фаза во која ќе ги одмери силите со Алексеј Попирин од Австралија.

-Прво сакам да му честитам на Џејкоб за одличната игра. Не сум имал шанса да го видам како игра. Секогаш има елемент на изненадување, немаше што да загуби. Многу ветровит ден, предизвикувачки услови. Одлично сервираше, ме натера да работам. Можеби можев да победам во три сета, но тој заслужи да оди во пет со оглед на тоа како одигравме. Мило ми е што не се случи тоа.

-Не знам дали денеска имав шампионски менталитет. Не се чувствував добро во своја кожа. Некогаш немате добар ден, понекогаш зависи од вашиот противник. На крајот на денот најважна е победата, се надевам дека ќе одиграм подобро во следната рунда, -истакна Ѓоковиќ кој говореше за коленото.

-Се чувствував добро. Не барам изговори за мојот настап денес. Како што реков, условите не беа лесни. Физички се чувствував добро. Може ли да играм и да се движам подобро? Да. Ќе видиме што ќе се случи утре, -порача Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни