Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ навести враќање во Австралија: Добивам позитивни сигнали

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ посакува да добие можност за настап на следното издание на Аустралијан Опен и со последната изјава навести позитивен епилог.

Српскиот тенисер имаше тежок период на почетокот на оваа година, кога на крајот австралиските власти не му дозволија настап на грен-слем турнирот и му ја поништија визата, но тоа не значи дека Ѓоковиќ нема слични амбиции и за изданието во 2023 година.

– Што се однесува до Австралија, добивам одредени позитивни сигнали, но засега нема ништо официјално.

– Комуникацијата оди преку моите адвокати во Австралија, се надевам дека наредниве недели ќе биде дефинирано дали ќе можам да настапам.

– Навистина сакам да одам таму, го надминав тоа што се случуваше претходниот пат, овој пат ќе бидам дополнително мотивиран на местото каде освоив многу трофеи, – изјавил Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни