Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ направи топ 5 од најдобри тенисери во поновата тениска историја (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ ќе брка прекин на црната серија на резултати на Мастерсот во Мајами, но пред да дојде време за возбудувањата на Флорида, Србинот е доста активен со тренинг сесии и со интервјуа за медиумите.

Најголемиот грен слем рекордер во кратко интервју за „ДАЗН“ доби за задача да направи специфичен поредок на топ 5 најдобри во поновата тениска историја, а во дадениот избор, не требал да се бира самиот себеси.

Ѓоковиќ требаше да избере позиција без да знае кое име ќе биде следно кажано од новинарката, но беше јасно дека првите две позиции му беа резервирани уште пред да почне да одговара.

Ноле за најдобар го избра Рафаел Надал, второто место му го додели на Рожер Федерер, додека третото на неговиот идол, Пит Сампрас.

Ѓоковиќ на четвртата позиција го подреди Андре Агаси, додека неговиот актуелен тренер Енди Мари го смести на петтата позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни